Света Троица — главна селска црква во тиквешкото село Росоман, Македонија.
Црквата претставува парохиски храм на Росоманската парохија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Росоман. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Црквата е изградена е во 1990 година, додека осветувањето на камен-темелникот го извршил тогашниот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г.Агатаангел и неговото доаѓање се смениле престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направил владички стол во средината на црквата и мал владички стол во олтарот, се направил престол за служење, се направиле ѓаконикот и жртвеникот.
